22 март, 2013

„Реџина“ го претстави видео записот „На Балканот“

Босанскиот рок состав „Реџина“, кој македонската публика го памети како претставник на Евровизија за БиХ во 2009 година, кога ја отпеаја песната „Бистра вода“, но уште повеќе го памети по дуетот со Елена Ристеска за песната „Љубав није за нас“, деновиве го претстави новиот видео запис за песната „На Балкану“, која се најде на нивниот последен албум „Кад полудимо“, издаден минатата 2012 година.

По видео записот на насловната нумера од албумот, кој ја прикажа љубовта на малку шеговит начин, новиот видео запис за „На Балкану“ прикажува една посериозна љубовна приказна. Во него се преплетуваат сцени од бендот и љубовната приказна помеѓу главните актери Давор Ебнер и младата манекенка Катарина Глумац. Режијата е на Андрија Дабиќ, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑