Аудио redfoo

30 декември, 2012

РедФу (LMFAO) со нова песна

Познатото „party rock“ дуо LMFAO во моментов е на временски неограничена пауза кога е во прашање заедничката работа, како што објавија во септември. Стефан Кендал Горди, познат како синот на Бери Горди, основачот на легендарната издавачка куќа Мотаун (Motown), но уште попознат како РедФу (RedFoo), еден од членовите на популарното денс дуо, во таа прилика меѓу другото изјавил дека „сета музика која ќе ја прави во иднина ќе звучи како LMFAO“. А сега го докажува тоа со новата песна „Bring Out the Bottles“, која звучи како да доаѓа од LMFAO периодот, со малку повеќе европски денс влијанија и електро звук.

РедФу оваа година гостуваше и во песни на Фло Рајда, Џастин Бибер и Фар Ист Мувмент, а беше и коавтор и продуцент на песната „This Kiss“ од канадската пејачка Карли Ре Џепсен, која е објавена како сингл од нејзиниот прв албум „Kiss“.

Во продолжение преслушајте ја „Bring Out the Bottles“.

Извор: PopCrush



Врати се горе ↑