Свет ts

22 октомври, 2012

„Red“ е новиот абум на Тејлор Свифт

Американската кантри и поп пејачка Тејлор Свифт го издаде нејзниниот четврт студиски албум. Таа се потпишува позади десет од шеснаесетте песни кои се наоѓаат на албумот со наслов „Red“ (Црвено), додека останатите се во соработка со Макс Мартин, Лиз Роуз, Ден Вилсон и Ед Ширан. Албумот обработува теми на драматични љубовни врски, кои како што пее во нејзниот последен хит „We are never ever getting back together“, повеќе не ја привлекуваат.

Горенаведениот сингл е еден од четирите најавни синглови за албумот кој денеска беше пуштен во продажба во САД, Канада, Нов Зеланд и Обединетото Кралство, а подоцна во текот на месецов ќе биде достапен и во остатокот од Европа и светот.

Свифт не сака да зборува за приватниот живот, објаснувајќи дека нејзните фанови дознаваат за она што и се случува преку нејзнините песни. Таа смета дека сè што има да каже звучи поубаво со музика во позадина. Лузксузното издание на „Red“ содржи уште три нови песни, две демо снимки и една акустична верзија. Во продолжение погледнете го видео записот за нејзниот прв сингл од овој албум.

 



Врати се горе ↑