28 ноември, 2013

„Recovery“ е новиот сингл на Џејмс Артур

По сè уште актулениот хит „You’re Nobody ‘Til Somebody Loves You“ и победничкиот сингл „Impossible“ со кој го освои првото место на минатогодишниот британски X Factor, Џејмс Артур денеска го претстави својот втор оригинален сингл од неговото деби издание „James Arthur“, објавено во октомври годинава. Станува збор за темата насловена „Recovery“ која на својот VEVO канал ја претстави во акустична верзија, а како звучи тоа можете да слушнете горе.

Популарниот музичар во изминатиот период имаше настапи во Полска, каде што ќе се врати и следната година во рамките на неговата претстојна турнеја која ќе започне во јануари. Концертите кои ќе ги одржи во Велика Британија се скоро распродадени, а сличен е случајот и со настапите во Германија кои се закажани за февруари следната година. Артур викендов повторно ќе застане на сцената кадешто започна целата негова приказна, односно ќе гостува во британскиот X Factor, кој годинава слави јубилеј од 10 години, а за само неколку недели ќе се дознае и овогодинешниот победник бидејќи во игра се уште само 5 финалисти.



Врати се горе ↑