Видео

14 мај, 2019

„Растеме заедно“ со песна за подигнување на свеста за аутизмот

Голем број македонски музичари и актери зедоа учество во кампањата за подигнување на свеста за аутизмот, за прифаќање и инклузија на лицата со аутизам. Насловен „Растеме заедно“, проектот е дело на авторката Весна Малинова Бабамова (музика и текст), а аранжманот е на Дарко Тасев, кој свири и на акустична и на електрична гитара, додека на клавијатури гостува Влатко Георгиев и Филип Волкан на виолина.

Песната ја изведуваат: Кристина Арнаудова, Весна Гиновска Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Мијата, Драган Спасов Дац, Петар Младеновски (Суперхикс) Филипа Гелевска, Горан Трифуновски (Пеперминт), Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска. За реализацијата, односно за миксањето на матрица се погрижи Кристијан Габроски, снимањето, миксањето и мастерингот на вокалите го направи Александар Ристовски Принц во неговото студио.

Сето тоа визуелно го дополнија Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски (Кома дизајн студио), а за снимањето, монтажата и продукцијата се погрижи екипата на „Сутерен“.



Врати се горе ↑