Настани sziget5_m

1 април, 2014

Расте програмата на Сигет!

И, оваа година на Сигет ќе бидат застапени сите музички жанрови! Нови имиња во колоритната програма се: Дедмаус (Deadmau5), Аксвел (Axwell), Бомбај Бајсикл Клаб (Bombay Bicycle Club), Д Кукс (The Kooks), Кристал Фајтерс (Crystal Fighters), Анти-Флег (Anti-Flag), Кирил Џајковски заедно со TK Wonder & MC Wasp, Грлс и Хаваи (Girls in Hawaii), Маунт Кимби (Mount Kimbie) и Вајлд Бистс (Wild Beasts). Тие ќе им се придружат на претходно најавените Квинс оф д стоун ејџ (Queens of the Stone Age), Д Продиџи (The Prodigy), Пласибо (Placebo), Имеџин Дрегонс (Imagine Dragons) и уште многу други.

Островот на слободата ќе се одржи од 11 до 18 август, на прекрасниот зелен  остров Обудаи, во срцето на Будимпешта. Билетите со попуст се во продажба до 30 април! Повеќе информации можете да прочитате на следниов линк.



Врати се горе ↑