Настани 72166_10151632104063698_634130335_n

21 мај, 2013

Распродадени еднодневните влезници за EXIT!

Сите влезници за EXIT Р:Еволуцијата кои беа достапни во продажба по промотивна цена од 1240 денари, распродадени се во рекорден рок. Организаторите ѝ се заблагодаруваат на публиката за укажаната доверба и порачуваат дека во следните недели ќе бидат објавени бројни имиња на нови ѕвезди кои ќе настапат на овогодинешниот фестивал.

Контингентот со ограничен број влезници кој беше во продажба од 16-ти мај, во целост е распродаден за помалку од пет дена. Овогодинешниот EXIT ги привлекува посетителите од Србија, но и повеќе од 60 други земји од сите континенти, со сјајната музичка програма и иновативниот, петдневен формат и новиот концепт на фестивалот.

 

Како знак на благодарноста на EXIT кон довербата на публиката, од денес во продажба се наоѓа уште една, многу ограничена, количина еднодневни влезници, кои ќе бидат достапни по новата промотивна цена од 1560 денари. Најбрзите повторно ќе бидат во прилика да станат дел од Р:Еволуцијата, макар и за еден ден. Сите љубители на фестивалот се повикани да ги набават своите влезници по промотивна цена што побргу, бидејќи според ограничениот број на карти и големиот интерес на публиката, се очекува и овој нов контингент да биде бргу распродаден. Влезниците по новата цена можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место за Македонија, Југотон (ГТЦ, прв кат – Скопје).

 

По периодот на продажба по новата промотивна цена од 1560 денари, регуларната цена на еднодневните влезници ќе биде 1890 денари сѐ до почетокот на фестивалот, кога истите дополнително ќе поскапат. Thom Yorke и Atoms For Peace, Snoop Dogg aka Snoop Lion, CeeLo Green, The Prodigy, Fatboy Slim, Eric Prydz, Jeff Mills и преку 600 други изведувачи ве очекуваат на повеќе од дваесет фестивалски бини. Станете дел од Р:Еволуцијата, набавете ги своите карти на време и променете сѐ околу себе.

EXIT искуство. Повеќе од фестивал.



Врати се горе ↑