Концерт karolina koncert

22 декември, 2012

Распродаден концертот на Каролина

Поп-пејачката Kаролина Гочева вечерва во 20 часот во Универзалната сала во Скопје, за прв пат во нејзината кариера ќе одржи анплагд-концерт. Организаторот, продукцијата „Авалон“, информира дека настанот е веќе распродаден. Но и покрај големиот интерес, ќе има само еден ексклузивен концерт.

Kаролина ќе настапи во придружба на оркестар од 17 члена, а ќе има изненадување по теркот на светските анплагд-концерти. Настанот е дел и од промоцијата на нејзиното компилациско издание „Најубави песни“.

 



Врати се горе ↑