Концерт beyonce-world-tour

18 февруари, 2013

Распродаден концертот на Бијонсе

Влезниците за првиот концерт од светската турнеја „The Mrs. Carter Show“ на Р&Б дивата Бијонсе кој ќе се одржи во Белград на 15-ти април се комплетно распродадени и тоа во рекордно време од 7 дена. Бројот на влезници изнесува 17 000, а доколку некој не успеал да си набави на време, тоа може да го направи по најниска цена од 100 евра. Како што пишуваат спрските медиуми, голем е бројот на оние кои ги препродаваат картите со цел да заработат пари, а предност им даваат на домашните побарувачи.

На најпрометните места во главниот град на Србија често можат да се најдат препродавачите на карти. „Кој вели дека нема карти? Има кај нас!“ – вели еден од нив, додавајќи: „Најмногу се интересираат и купиваат словенците и хрватите, а ним им ги продавам за 100 евра, а на нашите им давам попуст, па картите за нив чинат околи 70-80 евра, по договор.“

Во последните 20 години не се случило еден голем концерт во Србија да биде толку брзо распродаден, што веќе претставува рекорд кој тешко ќе биде соборен, а уште потешко се памети кога препродавачите биле единствен начин да се стигне до влезница (притоа да не е фудбалски натпревар). Со оглед на тоа што има уште 2 месеца до концертот, можеме само да замислиме колку ќе се покачат цените на влезниците непосредно пред концертот.

 

Извор: Телеграф.рс



Врати се горе ↑