Концерт ac359ff7-5224-4c99-8d9b-44d3376ad4cf

30 ноември, 2015

Распродаден е концертот на „Рундек карго трио“ во Скопје

Трет распродаден настан од off-програмата на „ТАКСИРАТ 17“

Во рамките на off-програмата на 17. издание на фестивалот „ТАКСИРАТ“, денеска (30 ноември) во Младинскиот Културен Центар во Скопје ќе се одржи концертот на „РУНДЕК КАРГО ТРИО“, за кој билетите се веќе ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕНИ. Легендарниот хрватски музичар Дарко Рундек доаѓа на овој концерт со својот актуелен состав КАРГО ТРИО и го промовира извонредниот и веќе одлично прифатен нов албум „Мостови“. Некогашниот лидер на култната група „Хаустор“, одамна го зацврсти своето реноме на вешт и секогаш необичен музичар, а неговото последно остварување е уште еден доказ дека и по 35 години кариера тој твори во полн креативен набој и постојано ја освојува публиката и огромниот интерес за неговите концерти ширум целиот регион.

Албумот „Мостови“ собра и фантастични музички критики, според кои, станува збор за едно од ремек делата на регионалната музичка сцена во последните дваесет години. Најновиот сингл од овој албум „Ima ih, пред само неколку дена беше промовиран со нов, официјален видео спот и се чини дека го следи успехот на „Don Juan“ со кој и беше најавен албумот. „Мостови“ содржи вкупно 11 песни со длабока симболика која Дуцо, Изабел и Дарко ќе ни ја откријат во целост, веќе вечерва на концертот во МКЦ во Скопје, со почеток во 21.00 часот.

 

ТРИ ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕНИ НАСТАНИ ВО off-ПРОГРАМАТА НА ТАКСИРАТ 17

Концертот на „РУНДЕК КАРГО ТРИО“ во Скопје е воедно и ТРЕТИОТ РАСПРОДАДЕН НАСТАН од off-програмата на ТАКСИРАТ. Уште пред неколку недели беа распродадени билетите и за дел од настаните кои допрва ќе се одржат, како

  • македонската премиера на стендап шоуто „ЃУРОЛОГИЈА“, новиот хит на Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, која ќе се одржи на 3 декември во Дом на АРМ (Скопје);
  • првиот концерт на светската атракција „ТУ ЧЕЛОС“, кој ќе се одржи на 4 декември во арената „Метрополис“;

Поради огромниот интерес кај нас, но и во соседните земји, кој не стивна ниту по веќе распродадениот прв концерт, маестралните „ТУ ЧЕЛОС“ го потврдија и својот втор концерт во Скопје и тоа во рамките на главната вечер на фестивалот „ТАКСИРАТ, која ќе се одржи на 7 декември во арената „Метрополис“! Покрај „Ту челос“, на големата сцена во „Метрополис“ ќе имаме чест да ги пречекаме и „Лајбах“, „Ла пегатина“, „С.А.Ф. и Тони Китановски со „Литл биг бенд“ и диџеј составот на „Модстеп“. Промо-билетите за главната вечер на ТАКСИРАТ се веќе распродадени, а во тек е претпродажбата на билетите со актуелната цена од 699 денари која важи само до 1 декември. Овие билети се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс.

Покрај овие настани, во рамки на својата off-програма ТАКСИРАТ го најави и одржувањето на

  • РЕТРО МАТИНЕ на 3 декември во МКЦ, Скопје – настанот наменет за пензионерите кои во рамки на оваа несекојдневна забава од 11.00 до 18.00 часот ќе имаат прилика да уживаат во богата и разновидна програма, музички настапи, модна ревија и видео проекции;
  • Настанот во знак на одбележување на Светскиот ден на волонтери –Taksirat Volunteers Day на 4 декември во МКЦ, кој вечерта носи специјалната музичка програма „20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ“ во знак на прославата на 20 годишнината од постоењето на „Пи-ем-џи колективот“ и 10 години од првиот концерт на бендот „Пи-ем-џи колектив“. На „Пи-ем-џи колектив“ оваа вечер ќе му се придружат со настап во живо и групите „Д Џон“ и „Сетстат“, а со диџеј сетови ќе се претстават легендите на македонското клупско небо РОБОТЕКДАРКО ЈОРДАНОВ и НИНО НАУМОВ.

Билетите за „20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ“ се достапни во продажната мрежа на МКтикетс и чинат 100 денари.



Врати се горе ↑