Македонија makfest2014

29 мај, 2014

Распоред на песни за „Макфест 2014“

Како што е познато, 29-тото издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ годинава за прв пат ќе го промени својот традиционален октомвриски термин и ќе се одржи од 5-7 јуни. Исто така, годинава за прв пат песните ќе бидат изведувани во придружба на оркестар во живо, а се враќа и старата фестивалска шема со две полуфинални една финална вечер. Денеска во „Порта Македонија“ беше одржана првата прес конференција на која беа објавени имињата и распоредот на песни и изведувачи кои ќе ги видиме следната недела во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Помеѓу триесетте изведувачи се најдоа бројни познати имиња, како и дебитанти кои допрва ќе се докажуваат пред македонската публика. Во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени по 15 песни, а редоследот е овој:

Прва фестивалска вечер:

1. „Само немој да молчиш“ – Јоце Панов (музика: Бане Опачиќ, текст: Владо Јаневски, аранжман: Слоба Марковиќ)

2. „Дојди ми ти“ – Александар Белов (музика, текст и аранжман: Кристијан Габроски)

3. „Сите знаат“ – Емил Арсов (музика и аранжман: Јован Јованов, текст: Давид Димовски)

4. „Како да преживеам“ – Мики Секуловски (музика и аранжман: Зоран Алексиќ, текст: Рената Кралевска)

5. „Стара навика“ – Бојан Стојков (музика и аранжман: Љупчо Трајковски Фис, текст: Бојан Стојков)

6. „Спремна сум“ – Александра Јанева (музика: Григор Копров, текст: Борче Димитров, аранжман: Владимир Дојчиновски)

7. „Да беше мој“ – Кристина Костовска (музика: Кристина Костовска, текст: Огнен Неделковски, аранжман: Љупчо Мирковски)

8. „Како да заборавам“ – Симона Попоска (музика: Кирил Зарлинов, текст: Магдалена Цветкоска, аранжман: Зоран Алексиќ)

9. „Кога најмногу ми требаш“ – Дарко Илиевски (музика и аранжман: Лазар Цветкоски, текст: Магдалена Цветкоска)

10. „Еве ме“ – Искра Трпева Арсовска ( музика, текст и аранжман: Кристијан Габроски)

11. „Остани“ – Маја Вукичевиќ (музика, текст и аранжман: Александар Масевски)

12. „Љубов недозволена“ – Лидија Кочовска (музика и аранжман: Ѓорѓи Мишковски, текст: Маја Павловска)

13. „Само мој“ – Викторија Лоба (музика, текст и аранжман: Владимир Дојчиновски)

14. „Карта во рака“ – Наде Талевска (музика и аранжман: Александар Масевски, текст: Огнен Неделковски)

15. „Ти не знаеш“ – Лена Заткоска (музика: Лена Заткоска, текст: Ристо Самарџиев, аранжман: Владимир Дојчиновски)

Втора фестивалска вечер:

1. „Денот да е убав“ – Сара Мејс (музика, текст и аранжман: Сара Костадиновска)

2. „Вино и вистина“ – Дејан Тасев (музика и текст: Дејан Тасев, аранжман: Иле Спасев)

3. „Ако времето е најдобар лек“ – Елвир Мекиќ (музика и аранжман: Димитар Димитров, текст: Елвир Мекиќ)

4. „Стара чаршија“ – Филип Јордановски (музика и текст: Блаже Темелков, аранжман: Дарко Тасев)

5. „Танго“ – Нокаут (музика: Никола Перевски и Владимир Крстевски, текст: Игор Џамбазов, аранжман: Никола Перевски и Дарко Димитров)

6. „Безимена“ – Миле Кузмановски (музика: Драган Вучиќ, текст: Анита Даева, аранжман: Дамир Имери)

7. „Можев“ – Горан Наумовски (музика, текст и аранжман: Андријана Јаневска)

8. „Дали сонот има крај“ – Наташа Малинкова (музика, текст и аранжман: Стојанче Арамов)

9. „А ти си одиш“ – Кристијан Мицев (музика: Григор Копров, текст: Борче Димитров, аранжман: Владимир Дојчиновски)

10. „Моја најмила“ – Мартинијан Кириловски (музика и текст: Магдалена Божиновска Стојанова, аранжман: Илија Ќосевски)

11. „Пред мене“ – Александар Тарабунов (музика и аранжман: Дамјан Лазаров, текст: Ана Пандевска)

12. „Тажна љубов, среќна песна“ – Тамара Тодевска (музика и аранжман: Роберт Билбилов, текст: Игор Џамбазов)

13. „За тебе и мене“ – Влатко Илиевски (музика, текст и аранжман: Владимир Дојчиновски)

14. „Врати се“ – Биба Додева (музика и текст: Биба Додева, аранжман; Дамјан Лазаров)

15. „Помеѓу денот и ноќта“ – Роберто Поп Димитров (музика, текст и аранжман: Роберто Поп Димитров)

 



Врати се горе ↑