Настани skopje gori 2013

23 октомври, 2013

Распоред на бендовите на „Скопје Гори 2013“

Овогодинешното издание на фестивалот „Скопје Гори 2013 – Made in Macedonia Edition“ ќе се одржи во петок, 25-ти октомври во новата концертна сала Експо Центар (стар Колосеум кај железничката станица), а веќе е познат и распоредот на настапи за оваа вечер. Фестивалот започнува во 21 часот со настапот на Стил Темпл, а потоа следуваат Ај Кју, Ласт Експедишн, Ареа и Нокаут.

Секако, би сакале уште еднаш да напоменеме дека ова ќе биде последно излегување на сцена на еден од нашите најдобри бендови во самостојна Македонија – Ласт Експедишн и вистинска можност нивните фанови за последен пат да ги испеат во живо хитовите „Шефе”,„Ќелав Дабар”,„За нас нема крај”,„Немоќен и чуден”,„Далеку си” и многу други.

Влезот е бесплатен!



Врати се горе ↑