Македонија

18 март, 2019

Распишан конкурс за „Охрид-фест 2019“

Меѓународниот фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции. Како и секогаш, фестивалот ќе се одвива во три вечери, односно поп-вечерта е закажана за 5 септември, фолк-вечерта за шести и интернационалната вечер за 7 септември 2019 година.

Услови за учество се следните:

* Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик;

* Наслов на композицијата;

* Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Поп; Фолк, Интернационална);

* Композициите да не бидат изведувани претходно;

* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), електронска адреса и телефон за контакт.

Новитет оваа година е тоа што фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“ избира двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо-снимките од нивните композиции е потребно да бидат испратени со пропратни инструменти, пијано и гитара.

Авторите своите композиции да ги испратат на електронските адреси: [email protected] и [email protected]

Конкурсот е отворен до 1 мај 2019 година.

Meѓународниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури 2019“, гледачите ќе имаат можност да го проследат на директен телевизиски пренос.

 



Врати се горе ↑