8 октомври, 2013

Раскокајте се со Хикси: Стигна видеото за „Скок“

Новиот видео запис за темата „Скок“ од Суперхикс банда инструментале вчера ја доживеа својата премиера на регионалниот музички канал МТВ Адриа. Истиот го направија „Creative Lab“ од универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, користени се снимки од турнеите во изминатите десетина години, а во видеото се вклучени и средношколците од средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје со својот Флеш Моб.

Како што изјавија Хикси, за оваа песна одлучиле да направат и видео запис затоа што токму таа имала најмногу прегледи на нивниот ЈуТјуб канал, кадешто се поставени сите песни од актуелниот албум „Африка“. Раскокајте се уште еднаш со новиот видео запис кој можете да го видите горе и „Кој не игра, нека стане и нека си оди!“



Врати се горе ↑