Македонија ImageProxy

7 мај, 2013

Раскокај се за новиот спот на Суперхикс!

Банда инструментале СУПЕРХИКС најавува уште една забава со своите верни фановиДел од следните активности на бендот е подготовката на нов видео запис кој ќе биде изработен за песната „СКОК“ од последниот албум „Африка“, а за таа цел Хикси ги повикуваат сите свои фанови да земат активно учество во овој спот, преку конкурсот Раскокај се за нашиот нов спот“.

Сите фанови кои сакаат да бидат дел од овој спот, на бендот треба да му испратат YouTube линк на superhiks@gmail.com каде што ќе покажат како „денсаат“ со својата екипа на песната „Скок”.

Клипот треба да биде во траење од максимум 1 минута, a истиот можете да го испратите најдоцна до 20-ти мај 2013.

Двајцата најлуди денсери од овој конкурс ќе добијат карти за фестивалот АКВА ПАРК ФЕСТ, кој ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај во Пробиштип, а на кој покрај останатите музички ѕвезди како Пол Ван Дајн, Марк Најт, Кирил Џајковски, SJ&RM и низа други, настапуваат и фуриозните Суперхикс. Останатите учесници на конкурсот ќе бидат дел од новиот спот за песната „Скок“, за чија реализација ќе биде задолжен тимот на Creativе Lab од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Забавата може да почне! Koj не прати клип нека стане и…нека си оди!

 



Врати се горе ↑