16 јануари, 2016

Рашида Џонс со интересен видео запис нè потсети на деведесеттите

Американската актерка и пејачка Рашида Џонс сними интересна песна и видео запис инспирирани од музиката од деведесеттите години на минатиот век. Ќерката на легендарниот Квинси Џонс вели дека најголема инспирација ѝ биле изведувачи како што се „Ти-ел-си“, Мери Џеј Блајџ, Бренди, „Бојз-ту-мен“ и други, чии хитови и видео записи ја одбележаа оваа музичка декада. Екранизацијата на темата насловена „Flip and Rewind“ ја режираше самата Рашида со Вил Мекормак, а како звучи и згледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑