Концерт Rammstein

15 ноември, 2012

Рамштајн на пролет во Белград

„Wir halten das Tempo” ќе биде мотото на бендот Рамштајн кој следната година ќе настапува на водечките европски фестивали и арени, а на 28-ми април и во Комбанк Арена во Белград. Бендот во изминатите две години  со спектакуларните живи настапи оставија без зборови повеќе од 1.3 милиони луѓе од Мексико, Америка, Јужна Африка, Австралија, Канада и Европа, а ветуваат дека и следното лето ќе продолжат со исто темпо.

Публиката и медиумите беа презадоволни од нивниот последен настап во српската престолнина, па на нивно големо задоволство Рамштајн повторно ќе настапат во познатата белдградска Арена, а влезниците се во продажба од денес, 15-ти ноември, на сите продажни места, како и на веб страниците: www.kombankarena.com и www.eventim.rs

Со потполно нова продукција и изглед на бината, како и новите „Rammstein Greatest Hits“, овој настан ќе биде спектакл кој долго ќе се памети. Нивната кариера е обележана со бројни контроверзии, живописни спотови и спектакуларни концерти. Секогаш имаат фантастична кореографија, необични костими и „ексцентрични“ изведби. Но бендот е секогаш концентриран само на добра забава и добра музика.

Извор: b92.rs



Врати се горе ↑