Балкан

10 јули, 2019

Рамбо Амадеус има нова „Ода на евроинтеграциите“

Рамбо Амадеус ја претстави својата нова песна насловена „Ода радости: Анегдоте евроинтеграција“ (Ода на радоста: Анегдоти за евроинтеграциите), која е дел од албумот соодветно насловен „Брод будала“ (Бродот на будалите).

„Песната и спотот се инспирирани од предизвиците на евроинтерграциите на Балканот. Се разбира, интеграциите имаат полна смисла само ако земјите од Балканот, првите комшии, претходно се интегрираат меѓусебно, да тргне нормалното натиго-дајмиго, проток на луѓе и капитал, љубов, секс, спорт и разонода, сватови, пршути, колбаси, орца, џамлии и бришкули, зеље, бумбари и останати прекраснотии кои ги нуди овој единствен кулурен конголомерат“, пишува во соопштението за песната дополнета со интересна анимирана визуализација, дело на Дарко Влаовиќ и „Студио 1234“.

Музиката и текстот се на Рамбо Амадеус, миксот е на Војно Диздар, а мастерингот на Марко Грамофонџија Во создавањето на песната учествуваа и Сулејман Кујевиќ на синтисајзери, Даница Крстиќ – етно-вокали, Милош Николиќ на труба, Марија Николиќ – оперски вокал, Драган Ристиќ Кал – превод и пеење на ромски и Дарко Рабреновиќ – вокали на германски јазик. Како звучи и изгледа новата „Ода на евроинтеграциите“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑