Свет bd-lars

27 јуни, 2014

Ракописот за песната „Like A Rolling Stone“ продаден за 2 милиони долари

Познатата аукциска куќа „Сотебис (Sotheby’s)“ во Њујорк подготви аукција посветена на рок легендите, на која се продаваа околу 150 предмети поврзани со изведувачи како што се Битлси, Ролинг Стоунс, Боб Дилан и Елвис Пресли, а за ракописот на рок химната  „Like A Rolling Stone“ од Дилан се очекувало да постигне цена поголема од милион долари.

Ракописот е напишан на лист хартија од хотелот „Роџер Смит“ во Вашингтон, а освен текстот на него се наоѓаат и цртежи со шапки, птици и животни со рогови, јавува Холивуд Репортер. На аукцијата бил опишан како „единствениот познат ракопис од финалниот текст на оваа рок химна која влијаела на музичката историја“, а е продаден за нешто повеќе од два милиона долари, со што стана најскапо продадениот ракопис на една рок песна. Досегашниот рекорд го имал ракописот на песната „A Day In The Life“ на Џон Ленон, кој во 2010 година е продаден за 1,2 милиони долари.

„Like A Rolling Stone“ се најде на шестиот студиски аалбум на Боб Дилан, изданието „Highway 61 Revisited“ од 1965 година.

 

 



Врати се горе ↑