Видео

4 декември, 2017

„Рак-су“ се победниците на британскиот „Х фактор 2017“

После 6 години пауза од триумфот на „Литл микс“, по втор пат на британскиот „Х фактор“ победи група! Имено, викендов се одржа финалето на 14. сезона од популарниот музички натпревар, кој годинава помина во знакот на авторските песни, какви што пееја и новокрунисаните победници „Рак-су“. Ешли (рапер, поет и автор), Џамал (пејач и автор), Мајлс (рапер и продуцент) и Мустафа (диџеј, танчер и битбоксер) од Ватфорд ги освоија симпатиите на публиката уште со првата аудиција, кога настапија со заразната „I’m Feeling You“, за потоа да следат уште неколку инстант-хитови во сите фази од натпреварот.

Се разбира, авторски е и победничкиот сингл со латино-шмек, „Dimelo“, за чија изведба им се придружија и популарниот англиски хитмејкер Ноти Бој и американскиот рапер и некогашен член на „Фуџиз“, Вајклеф Жан, а како изгледаше сето тоа во вчерашното финале можете да погледнете во продолжение.

 

Како што споменавме, годинашната сезона помина во знакот на авторските песни, а освен „Рак-су“, симпатиите на публиката ги освои и второпласираната кант-авторка Грејс Дејвис, која многумина ја нарекоа новата Адел, особено заради емотивните балади, но и моќниот вокал. Третото место, пак, го освои уште еден доста уникатен уметник – парижанецот Кевин Дејви Уајт, чии настапи секогаш беа набиени со сирова енергија, благодарение на неговиот карактеристичен, по малку рапав глас и звуците на неговата гитара.

 

Уште еден новитет годинава беше и укинувањето на „песните за спас“, кога двата натпреварувачи со најмалку гласови се бореа за уште една шанса, па наместо тоа, сега се прогласуваше победникот на секоја вечер. За разлика од минатите сезони, овој пат финалистите беа поделени во две вечери, половина во сабота и половина во недела, а победниците од двете вечери се натпреваруваа за победник на викендот, притоа освојувајќи награди во форма на ексклузивни соработки со светски познати хитмејкери, патување во Њујорк и дружење со Пинк, настап на концерт на „Литл микс“ и сл.

From Syco / Thames The X Factor: SR14: The Finalists on ITV Pictured: Rak-Su. This photograph is (C) Syco / Thames and can only be reproduced for editorial purposes directly in connection with the programme or event mentioned above, or ITV plc. Once made available by ITV plc Picture Desk, this photograph can be reproduced once only up until the transmission [TX] date and no reproduction fee will be charged. Any subsequent usage may incur a fee. This photograph must not be manipulated [excluding basic cropping] in a manner which alters the visual appearance of the person photographed deemed detrimental or inappropriate by ITV plc Picture Desk.  This photograph must not be syndicated to any other company, publication or website, or permanently archived, without the express written permission of ITV Plc Picture Desk. Full Terms and conditions are available on the website www.itvpictures.co.uk For further information please contact: james.hilder@itv.com / 0207 157 3052(Од лево надесно) Мустафа, Мајлс, Ешли и Џамал

Имајќи предвид дека секоја година сè повеќе се пријавуваат кандидати од целиот свет, како што годинава го видовме Црногорецот Славко Калезиќ, не би нè изненадило доколку во следната јубилејна, 15. по ред сезона видиме и некој Македонец. Пријавувањето е веќе во тек, а што нè очекува во роденденското издание на британскиот „Х фактор“ ќе дознаеме в година.

За крај уживајте со сите настапи на победниците „Рак-су“, но и на второпласираната Грејс Дејвис, која дефинитивно ќе добие договор со некоја издавачка куќа и ќе пишуваа и пее уште многу одлични балади. (Повеќе видеа на Јутјуб)

И.Ј.



Врати се горе ↑