19 јуни, 2015

„Рајз енд шајн реге фестивал“ на 1 јули во Штип!

На 1 јули во Домот на млади во Штип ќе се одржи првиот „Рајз енд шајн реге фестивал“ (Rise & Shine Reggae Festival), во чии рамки публиката ќе се забавува со повеќе домашни бендови и диџеи. Забавата ќе започне во попладневните часови во „Пијано бар“ во центарот на Штип, каде со музика и насмевки ќе ве пречекаат „Мембаквин“ и Базер, додека вратата во Домот на Млади за постители ќе биде отворена во 19.30 часот.

Бендови во живо:

„Брука бенд“ (Brooka Band) се формирани во 2014 година, нивниот прв официјален настап се случи истата година во радиото Слободна Македонија како најава за „Скопскиот Пиволенд“, каде пет дена подоцна го оддржаа и првиот настап пред скопската публика. Нивниот стил го именуваат како фузија на реге, рага, ска-рап но во нивните песни може да се забележат и други музички стилови, па дури и фолк. Бендот во април годинава го издаде и својот прв сингл со видео запис за песната „До преѓе“, која досега е одлично прифатена од публиката, а моментално работи и на вториот сингл и видео запис. Досега годинава оддржаа неколку настапи во родниот град, а токму Штип им е првата дестинација и првиот настап надвор од Скопје!

„Коноп“ (КОNOP) како реге кавер бенд почнува во 2011 година, нивниот репертоар изобилува со песни од Боб Марли (Bob Marley), но и од Џејкоб Милер (Jacob Miller), Питер Тош (Peter Tosh), Макс Ромео (Max Romeo), „Ју-би форти“ (UB40)и други. Намерата на „Коноп“ е пред пошироката публика да ја презентира, доближи и пренесе пораката на реге музиката. Бендот веќе почна со работа на своите авторски нумери и нивниот прв сингл ќе го промовираат кон крајот на годинава.

Ноти Фаја Ес-ес (Natty Fiyah SS) е проект создаден од Рутсмен I (Rootsman I) и Спинкор (Spincore) во 2009 година. Целта им е да ги промовирааат сите видови на реге џангл, драм ен бејс и другите жанрови на експерименталната музика. Тие на своите настапи преку својот фри-стајл беспрекорно создаваат позитивна атмосфера и комуникација со публиката. Имаат настапувано во речиси сите поголеми градови во Македонија, а во 2010 беа дел од турнејата на „Конкеринг лајон“ во Романија, Хрватска и Словенија. Ветуваат добра журка предводена од нивното мото „Where there is smoke, there is FIYAH“!

Диџеи:

Мемба Квин Мел (Memba Quinn Mel) е реге селекторка од Куманово која со настапите во Скопје и низ други градови во Македонија покажа дека знае што се добри реге вибрации! Таа минатата година остави добар впечаток и на фестивалот „Аксиос“ (AXIOS) во Дојран, затоа очекувајте енергичен настап и на „Рајз енд шајн“ во Штип!

Бисера Базер (Bisera Bazer)

диџеј Је Ја (Dj Ye Ya) 

Номадуз (Nomaduzz)

Повеќе информации за настанот очекувајте наскоро!



Врати се горе ↑