Аудио rfnrj

16 мај, 2015

„Рафинерија“ со нова песна: Слушнете ја „Ако не си моја“

Дечките од дуото „Рафинерија“ ја пуштија во етер и на јутуб новата песна насловена „Ако не си моја“,  која е дело на Драган Ристовски Дац и Борче Димитров (Бока Рафинерија). Се работи за лесна и летна песна која се памети од прво слушање, а за да звучи така придонесоа и Борислав-Боби Вокер кој свири саксофон, Зоран Николовски (Зоки Рафинерија) гитари и Ивана Китановска која ги пее придружните вокали.

„Рафинерија“ ќе ги видиме и на Макфест 2015 во втората полуфинална вечер под редниот број 9, во дует со Ивона Јовановиќ од „Ѕвездите на Гранд“, а најавуваат и уште песни до крајот на годината, со што сакаат да ѝ се оддолжат на публиката за подолгата пауза. Како звучи „Ако не си моја“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑