Аудио nokaut-raduvaj-se-so-mene

24 декември, 2015

Радувајте се со „Нокаут“!

Како загревање за денешниот концерт што ќе се случи вечерва во арената „Борис Трајковски“, „Нокаут“ вчера ја објави својата најнова песна насловена „Радувај се со мене“. Станува збор за уште еден одличен хит на популарната група, чии автори се Никола Перевски – Пере (музика), Владимир Поп-христов Мио (текст) и Дарко Димитров (аранжман и продукција), а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

Доколку сè уште не сте набавиле влезници за вечерашниот концерт, тоа можете да го направите преку продажната мрежа на МК тикетс. Настанот ќе започне во 21 часот.



Врати се горе ↑