За Вас cf555

30 декември, 2015

РадиоМк: Најубавите македонски новогодишни песни

Непосредно пред најлудата ноќ во годината, ја завршуваме оваа 2015 година со најубавите македонски песни, овој пат на тема „Нова година“. Македонските музичари низ годините снимија многу песни на оваа тема, а ние собравме десетина од нив на едно место. Одлична можност да се подготвите за најлудата ноќ слушајќи ги најубавите македонски песни. Песни со наслов „Среќна Нова година“ имаме од „Мeморија“, „Леб и сол“, Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Зоран Илиев, Сара Мејс и Биг бендот на МРТ, М2 Ѕвезди, Тони Зен и „Хаундс“, „Икс-икс-ел“, „Ла Манш“, Бертини Ем-си со Емил Рико и Орце, „Б-Клан“ и Менде Ѓоргиевски, „Спешл едишн“ и многу други. Веќе во следното издание ќе се потсетиме на најубавите божиќни песни.

Ви благодариме што сте со нас, уживајте со најубавата македонска музика, РадиоМк Ви посакува среќни и радосни празници, а со најубавите македонски песни продолжуваме и следната година! Среќна Нова!

„Меморија“Среќна Нова година

 

„Леб и сол“Среќна Нова година

 

„Ла Манш“Среќна Нова година

 

„Икс-икс-ел“ – Среќна Нова

 

„Спешл едишн“ – Среќна Нова година

 

M2 ЅвездиСреќна Нова година

 

„Б-Клан“ и Менде ЃоргиевскиСреќна Нова година

 

Бертини Ем-си и Емил Рико со ОрцеСреќна Нова година

 

Елена РистескаСреќна Нова година

 

Тони Зен и „Хаундс“ – Среќна Нова

 

Тања ГоспелСреќна Нова година 

 

Ибуш Ибраимоски – Среќна Нова година

 

Ламбе АлабаковскиСреќна Нова година (Feliz Navidad)

 

Зоран ИлиевСреќна Нова година

 

Сара Мејс и Биг бендот на МРТСреќна Нова година

 

Тамара Тодевска и Даниел КајмакоскиЗа миг

 

РадиоМк Ви посакува среќни празници!



Врати се горе ↑