Македонија cf555-620x350

6 јануари, 2016

РадиоМк: Најубавите македонски божиќни песни

Еден од најголемите христијански празници, раѓањето на Исус Христос или Божиќ во текот на времето бил голема инспирација за музичарите, а музиката е секако најдобар начин за славење на кој и да е празник. Токму со најубавите македонски песни ние денеска ќе Ви го честитаме овој голем празник. Во последното издание на Најубавите македонски песни издвоивме неколку песни на тема Нова година, а денеска на ред се Божиќните песни. Меѓу изведувачите на песните се најдоа Андријана Јаневска, Тања Станковиќ, Ламбе Алабаковски, Рената Кралевска, Александар Белов, Александра Пилева, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Марина Коруновска со детскиот хор „Ѕвончиња“, „Златно славејче“ и други. Среќен Божиќ, нека ни е за многу години празникот, Христос се роди! Уживајте со македонска музика!

Андријана Јаневска и Тања СтанковиќТивка ноќ 

 

Тања СтанковиќО света ноќ

 

Тања Станковиќ – Дали знаеше драга Марија

 

Тора – Се роди

 

Александар Белов, Александра Пилева, Александар Митевски, Кристина Арнаудова, Димитар, Росица и ФросинаБожиќ за секој од нас

 

Ламбе АлабаковскиДа не те љубев 

 

Рената КралевскаThis Christmas Night

 

Златно СлавејчеБожиќна песна

 

Мијата и Андријана Јаневска – Еден ден

 

Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Димитар Андоновски и Стефан Филиповски (Некст тајм) со Македонската филхармонија – Вечниот Бог

 

Даниел Кајмакоски – Silent Night (Тивка ноќ)

 

 

Марина Коруновска и ЅвончињаБлагослов

 

Уште повеќе македонски божиќни песни (околу 170) се сместени во компилацијата што Ве очекува во продолжение. РадиоМк Ви посакува среќни празници и Среќен Божиќ!

 

 



Врати се горе ↑