За Вас 13202588421331008451musicnote-hi

8 декември, 2012

РадиоМк: Најубави македонски песни 2

Уште еден викенд, уште една можност за потсетување и преслушување на дел од најубавите македонски песни. Минатиот викенд имавме можност да се потсетиме на некои прекрасни постари балади, а денеска ќе ќе се потсетиме и ќе уживаме во малку понови. Иако времето ќе биде најдобриот показател за нивниот пат кон „бесмртноста“ и евергрините, се надевам дека и ние барем малку ќе придонесеме за да не бидат заборавени. Во денешниот избор повторно имаме пет балади, дел од нив родени на фестивалските сцени, како во Македонија, така и надвор од неа, а сите изведени од прекрасни женски вокали. Првата, според мене, одлична балада е композицијата „Ме боли“ со која Магдалена Цветкоска се претстави на фестивалот „Сунчане скале“ во 2010 година, а истата секако беше наградена. По неа следува уште една убава изведба на Охридеја Дукова со „Јас да сакав некој друг“, со која се претстави на минатогодишниот МакФест. Една од најдобрите песни на Наде Талевска е секако „Осамени“, а по неа ќе следи и „За година две“ од Каролина. Овонеделниот избор ќе го заокружиме со една од моите омилени песни од Верица Пандиловска„Животот е“. Уживајте и овој викенд со најубавите македонски песни!

Магдалена Цветкоска – Ме боли

 

Орхидеја Дукова – Јас да сакав некој друг

 

Наде Талевска – Осамени

 

Каролина Гочева – За година две

 

Верица Пандиловска – Животот е

Ивона Јанкова



Врати се горе ↑