За Вас 13202588421331008451musicnote-hi

1 декември, 2012

РадиоМк: Најубави македонски песни 1

Викендот е време за опуштање и релаксирање. Не би можела да замислам поубав начин за тоа од слушање на музика. По можност македонска. А уште поубаво би било опуштањето со дел од најубавите македонски балади.  Низ годините имавме чест да слушаме прекрасни балади од бројни изведувачи, без разлика дали тие беа претставени на некој од фестивалите во Македонија, или пак станаа хитови со текот на времето. Ова не е топ листа, бидејќи јас лично не би можела да издвојам една најубава, сите ми се подеднакво драги и сметам дека сите ќе уживате додека ги преслушувате. Со оглед на тоа што бројот на прекрасни песни е огромен, ова ќе биде прв дел посветен на баладите. Слободно можете да дадете предлози кои ќе се најдат во следниот дел од најубавите македонски песни. Имајте пријатен ден и слушајте македонска музика во секое време!

Лидија КочовскаТи си тој

 

Силви Бенд – Ангели ме носат

 

Маријана и Росана – Признавам

 

Драган Каранфиловски БојсОпасно сум вљубен во тебе

 

Љупка ДимитровскаЅвона ѕвонат

Ивона Јанкова



Врати се горе ↑