Концерт rs-k-sk

22 септември, 2014

Раде Шербеџија со концерт во Скопје

Хрваттскиот актер и музичар со холивудска кариера, Раде Шербеџија ќе одржи концерт во Скопје на 8 октомври во Универзалната сала. Во придружба на неговата група „Западни колодвор бенд“, Шербеџија ќе го промовира материјалот од новиот албум насловен „Време jе, драга, време je“.

Влезниците се пуштени во продажба на касата на Универзалната сала, како и сите продажни места на Купи карти за сè“ по цена од 600 денари. Концертот е со почеток од 21.00 часот, а е во организација на „Баги продукција“.

 



Врати се горе ↑