Балкан a80db7d2-48c7-4a8d-b659-4e58bdb64b91

4 април, 2013

Раде Шербеџија размислува за нов дует со Кемал Монтено

Познатиот актер Раде Шербеџија со својот бенд „Западни колодвор“ наскоро ќе одржат два концерта во Белград и Нови Сад, Србија, на кои ќе претстават обработки на старогратски и изворни мелодии, евергрин и ромски балади. По тој повод Шербеџија изјавил: „Овој пат ми се пеат некои стари српски песни. Можебо со себе ќе го доведам и мојот драг пријател Кемал Монтено. Убаво ми е кога сум на бина со пријателите, бидејќи така го запираме времето. Кемал и јас размислуваме за нов дует.“ – изјавил тој за српски Новости.

Шербеџија и Монтено веќе имаат соработувано за баладата „Ни у твоме срцу“, на која можете да се потсетите во продолжение.

Извор: novosti.rs/фото: tportal.hr



Врати се горе ↑