Балкан

17 јуни, 2019

Раде Шербеџија и Влатко Стефановски на фестивалот „БЕЛЕФ“ во Белград

Под слоганот „Долетај“, во главниот град на Србија од 21 јуни до 7 јули ќе се одржи 28. издание на белградскиот летен фестивал (БЕЛЕФ), во чии рамки ќе се одржат дваесетина културни програми, вклучувајќи изложби, театарски претстави, концерти, претстави за деца и танц перформанси.

Отворањето на фестивалот во Стариот двор ќе го одбележи претставата „Антигона – 2000 години подоцна“, во изведба на театарот „Улисес“, каде една од главните улоги ги игра доајенот на театарот Раде Шербеџија, кој по речиси три децении се враќа на театарската публика.

Покрај тоа, на денот на отворањето на фестивалот во Францускиот културен центар од 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографот Кристијан Антоловиќ од Ирска, добитник на бројни награди, а на церемонијата на затворањето на јули 7, бендот на Марко Хатлак ќе настапи со специјален гостин, Влатко Стефановски.

Директорот на Центарот на белградските фестивали, Дамир Хандановиќ рече дека овогодишниот БЕЛЕФ е модернизиран за посетителите и подготви разновидна програма.

Извор и фотографии: Вечер.прес



Врати се горе ↑