Настани

18 август, 2017

Работилница за традиционално изворно пеење на ФНК „Пображење“ во Вевчани

Во рамките на фестивалот за народна култура „Пображење“, деновиве се одржува и работилница за традиционално изворно пеење предводена од  доц. д-р Велика Стојкова-Серафимовска, етномузиколог при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. Целта на работилницата е запознавање на младите со традиционалното изворно пеење и поттик за негово негување, презентирање и пренесување едни на други.

Rabotilnica1

„Да се предводи една ваква работилница, во место каде традиционалното изворно пеење е живо и каде се негува и пренесува од генерација на генерација е навистина големо задоволство. Вевчани е едно од ретките места во Македонија каде песнопојната традиција живее, вевчанските Лазарки се пример за истото. Токму лазарското пеење во Вевчани се обработува овие денови во првиот дел на работилницата, а во вториот дел обработуваме изворни традиционални песни од други краишта на Македонија со цел да можат учесниците на оваа работилница да се запознаат и со други песнопојни традиции и начини на пеење кој се дел од богатото и разнолико македонско нематеријално културно наследство“, изјави д-р Серафимовска.

Velice

Вечерва во рамки на втората фестивалска вечер на големата летна сцена во центарот на Вевчани ќе настапат: КУД „Керамичар“ –  Велес, Македонија;  ХКУД  „Железничар“  –  Загреб, Хрватска;  ФА „Стропковчан“ –  Стропков, Словачка;  Ансамбал „Магура Цодлеа“ – Брашок, Р.Романија;  КУД „Млади рудар“ – Добрња, Тузла, БиХ.



Врати се горе ↑