Настани 1798469_719496338074709_844437567_n

2 февруари, 2015

Работилница за млади бендови со Пеце од „Суперхикс“

На 6 февруари во кафулето „Соулматик“ во Скопје, од 14.30 до 16 часот ќе се одржи работилница за млади, неафирмирани бендови и поединци. Темата е „Создади и снимај!“ и ќе се зборува за начините и можностите што младите артисти треба да ги искористат за да постигнат успех. Предавач на работилницата ќе биде Петар Младеновски од „Суперхикс“.

„Ако мене ме прашувате, работилницата и конкурсот ’Конверс рабер тракс’  е шанса која се јавува само еднаш во животот за сите млади бендови кои творат во Македонија! Кога велам млади бендови не мислам само на бендови кои постојат од скоро, туку и на оние кои со години нешто работат и се обидуваат да отидат ниво повисоко! Во деведесеттите кога ние тргнувавме со проби и настапи беше СФ ваков момент… Момент да посетиш ваква работилница, учествуваш на конкурс со твоја тема и можност подоцна да снимаш во професионално студио во Војводина под надзор на продуценти и професионалци од Њујорк..! Искористете го тоа момци и девојки! Бидете храбри и упорни и учествувајте! Вреди!“, порачува Пеце од Хикси.

По одржувањето на работилницата, „Конверс рабер тракс“ ќе отвори конкурс за пријавување бендови, кој ќе биде отворен од 1 до 29 март. Потоа ќе следува онлајн-гласање, со што ќе се направи селекција на 15 бенда, од кои стручно жири ќе одбере седум бенда, кои ќе добијат можност да снимаат во професионални студија во Србија, под око на домашни и странски продуценти што доаѓаат од Њујорк и Бруклин.

Натпреварите „Конверс рабер тракс“ се одржани во САД, Бразил, Шпанија, Германија и во Холандија и досега им имаат дадено можност на повеќе од 500 музичари да снимаат во професионални студија со тим од искусни продуценти, без трошоци.

Извор: Нова Македонија

 



Врати се горе ↑