Концерт

13 април, 2018

Пуштени во продажба влезниците за роденденскиот концерт на Владо Јаневски

Од утрово во продажба се пуштени влезниците за големиот роденденски концерт на Владо Јаневски, со кој музичарот ќе прослави 25 години кариера и кој ќе се одржи на 1 јуни на стадионот на АРМ. Настанот е во организација на неговата поранешна матична куќа „Авалон продукција“, која исто така слави 25-годишен јубилеј.

Како што соопштија од „Авалон“, на концертот се очекува да присуствуваат околу 10.000 посетители, кои ќе уживаат со најголемите хитови на Јаневски. Влезниците по цени од 500, 800 и 1.000 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, како и онлајн на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑