Концерт koncert-bebek

1 февруари, 2016

Пуштени во продажба влезниците за концертот на Жељко Бебек

Започна продажбата на влезниците за концертот на Жељко Бебек, кој ќе се одржи на 5 март во арената „Борис Трајковски“, соопштија од „Авалон продукција“. Билетите можете да ги набавите на сите продажни места на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com, по цена од 600 до 900 денари. На овој ексклузивен гала концерт, Бебек ќе биде придружуван од симфониски и тамбурашки оркестар, а како специјални гости ќе настапат шармантните „Фрајле“.

Сите влезници се бидат нумерирани и ќе бидат со седење (партер и трибини).

 



Врати се горе ↑