Македонија spot

18 април, 2013

Пука Козметика се одомаќинија на МТВ Домачица

„Направи чекор“ на Пука козметика и Скит Скитара е поставена на Мтв адриа листата на предлози, а може да гласате за неа на следниве адреси.

http://mtv.rs/top-liste/domacica

http://www.mtv.si/lestvice/domacica

http://www.mtv.com.hr/top-liste/domacica

Песната е дел од коалицијата „Екологија приоритет“ и испраќа порака до сите граѓани и надлежните власти да превземат одговорност за еколошките жешки точки и да се активираат во нивното конечно решавање. Спотот е сниман на различни локации во Скопје и навестува навикнување на животот под гас маски доколку не се преземе нешто.

Музиката и аранжманот на нумерата ги потпишува Скитара, текстот е на Пука козметика, а за видео записот се погрижија Дарко Масларковски (режија), Кристијан Теодоров (камера), Жарко Масларковски (монтажа и пост продукција) и организација и продукција од Марко Соколовски (Go Green), Дарко и Жарко Масларковски.

 



Врати се горе ↑