Балкан 1450236_712555125424196_1432731936_n

3 декември, 2013

Публиката како жири во X Factor

Гледачите на регионалниот музички натпревар X Factor кои во Македонија ги има во најголем број, односно 56% од жителите, во Црна Гора 52%, во Босна и Херцеговина 50% и во Србија 40%, како и бројните фанови од дијаспората на социјалните мрежи бараа повторно да ги видат своите фаворити, пренесува српски Пулс. Затоа вечерва со почеток од 21:25 часот на барање од гледачите повторно ќе бидат прикажани фаворитите од досегашните аудиции на X Factor.

„X Factor Specijal“ е своевидна едночасовна интерактивна програма која со помош на социјалните мрежи како што се Фејбук и Твитер, на гледачите ќе им овозможи да гласаат и учествуваат во изборот на натпреварувачи кои ќе влезат во следниот круг од натпреварот наречен регрутен камп и да одберат ментори за своите фаворити. Кики Лесендриќ, Кристина Ковач, Емина Јаховиќ и Жељко Јоксимовиќ ќе станат ментори и ќе се натпреваруваат меѓу себе, а публиката ќе им помогне во изборот на победник на X Factor!

Во соопштението на официјалната фан страница на Фејсбук го пишува следното:

„Во вторник од 21:15 часот ќе ja гледаме првата специјална емизија од регионалниот X Factor! Ќе имате можност уште еднаш да ги видите своите фаворити. Наскоро судиите ќе станат ментори на натпреварувачите, а од настапите во живо одлуката за пласманот во понатамошниот тек на натпреварот ќе биде во Ваши раце!

Ве покануваме да се вклучите во текот на емисијата давајќи предлози кој судија би требало да стане ментор за Вашите фаворити со тоа што ќе ја користите ознаката „#predlazem@име на ментрот за име на натпреварувачот“ на Фејсбук и Твитер заедно со стандардната ознака #XFactorAdria. Вашето мислење ни е важно!“



Врати се горе ↑