Свет article_big_1361904012PSY_live_video_still_2

27 февруари, 2013

PSY – “Inauguration Style”

Во понеделникот, 25-ти февруари, Псај имал важна задача; на церемонијата за инаугурација на првата претседателка во историјата на Јужна Кореја – Park Geun-hye, познатиот музичар го изведе својот мегахит „Гангнам Стајл“ пред повеќе од 80 000 луѓе. Како што пишува во извештајот од магазинот Холивуд Репортер, иако раперот не му дозволил ниту на еден кандидат да ја користи оваа песна во нивните предизборни кампањи, сепак тие имале разни референци на познатиот „коњски танц“ во своите кампањи, а музичарот бил и повеќе од среќен што настапил на овој настан.

Како што јавува американскиот канал MTV, со оглед на тоа што „Гангнам Стајл“ се приближува до неверојатната бројка од 1,5 милијарди прегледи на сервисот ЈуТјуб, менаџерот на корејскиот музичар изјавил дека Псај наскоро ќе го претстави неговиот „нов адут“, односно нов „заразен танц“. Во продолжение погледнете како изгледаше неговиот настап на инаугурацијата на првата претседателка на Јужна Кореја.

 

Извор: MTV



Врати се горе ↑