11 април, 2013

„Пссст!“ Нов видео запис од Младен Пецовиќ

Гитаристот Младен Пецовиќ, по успешниот видео запис за синглот „Гора“, претставува уште еден за новата композиција насловена „Пссст!“, а како главна улога во истиот се појавува Марко Кон. Повеќе пати наградуваниот виртуоз на гитара, Пецовиќ продолжува со пласирање на својот авторски материјал.

Темата во која се преплетуваат различни жанровски форми настана минатата година, а завршена е на почетокот на 2013 година: „Музиката е најдобар медиум на невербална комуникација и со неа можат да се пренесат комплексни емоции кои тешко се искажуваат со зборови, а некои од моментите во кои би се изговорило тоа ’пссст!’ навестуваат на тоа што сакав да го пренесам преку оваа нумера.“ – вели Пецовиќ.

Во реализацијата на песната, покрај авторот учествуваа и клавијатуристот Горан Герман, тапанарот Алек Хушкар и басистот Миладин Стојковиќ. Како минатогодишен победник, на 18-ти април Младен ќе настапи во ревијалниот дел на респектибилниот „Омиш Гитар Фест“ во Хрватска, а исто така е најавено дека во текот на летото својата виртуозност во придружба на бенд ќе ја демонстрира на голем број фестивали во регионот.

http://www.facebook.com/pecovicmladen


Врати се горе ↑