22 октомври, 2014

Психоделичен видео запис за „Baby Don’t Lie“ од Гвен Стефани

По пауза од осум години, американската пејачка и вокалистка на групата „Ноу даут“, Гвен Стефани се враќа на музичката сцена како соло изведувач, најавувајќи го својот трет по ред студиски албум со темата „Baby Don’t Lie“. Повратничкиот сингл, кој е потпишан од самата пејачка во соработка со продуцентите Бени Бланко, Рајан Тедер и Ноел Занканела, доби живописен видео запис кој буквално „боди очи“ и кој со патеката од жолти тули потсетува на „Волшебникот од Оз“. За истиот се погрижи режисерката Софи Мјулер, со која Стефани и „Ноу даут“ соработуваат уште од далечната 1996 година, кога го снимија видео записот за еден од нивните најпознати хитови „Don’t Speak“.

„Baby Don’t Lie“ е прва најава за наследникот на „Sweet Escape“ од 2006 година, а за сè уште неименуваното издание познато е само дека меѓу соработниците е колегата Фарел Вилијамс, како и шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис и младата британска музичарка Чарли Екс-си-екс.



Врати се горе ↑