Свет psy-stiven-tyler-aerosmith

12 октомври, 2013

Псај сними дует со Стивен Тајлер од Аеросмит

Корејската сензација која ја одбележа минатата 2012 година со мега хитот „Гангнам Стајл“, Псај деновиве објави дека снимил дует со легендарниот фронтмен на Аеросмит, Стивен Тајлер. Имено, во неодамнешното интервју за италијанското списание „L’Uomo Vogue“, раперот изјавил: „Големата тајна е тоа што штотуку завршив со снимањето на мојата нова песна заедно со еден легендарен артист. Стивен Тајлер од Аеросмит“, додавајќи: „Кога бев средно, буквално плачев кога ја пееја „Crazy“ или „Amazing“ или која и да е песна, тие ми беа идоли и сега соработувам со Стивен Тајлер. Го сакам мојот живот!“

Двајцата музичари се сретнале на 5-ти октомври на доделувањето на наградите Social Star во Сингапур, а набрзо потоа раперот ја објавил нивната заедничка фотографија.

 



Врати се горе ↑