Видео psy

3 ноември, 2015

Псај се враќа со нов албум

Корејската сензација, чиј вирален хит „Gangnam Style“ ја одбележа 2012 година, а ги собори и сите рекорди на Јутјуб, Псај најави нов албум за 1 декември годинава. Музичарот ја соопшти веста преку социјални медиуми, споделувајќи фотографија со датумот на објавување.

Имено, по успехот на „Gangnam Style“ и следбениците „Gentleman“ и „Hangover“ со Снуп Дог, 37-годишниот рапер започнал да работи на нов материјал кон средината на годинава, а како причина за малку подолгата пауза ја навел потрагата по нов звук и нова насока со цел да привлече уште поголема публика.

Музичарот во март годинава го објави синглот „Father“, во кој гостува познатиот кинески пијанист Ланг Ланг, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑