Свет psy_1293340356

18 април, 2013

Псај постави уште еден рекорд на YouTube

Дефинитивно, Псај не може да се смета за сензација со еден хит! Наследникот на „Гангнам Стајл“, новиот сингл кој го претстави пред само неколку дена, „Џентлмен“ веќе руши рекорди на сервисот ЈуТјуб. Новиот видео запис беше прегледан околу 18.9 милиони пати само во првиот ден, со што го руши рекордот на заедничкиот сингл на Џастин Бибер и Ники Минаж„Beauty and a Beat“, кој достигна 10.6 милиони прегледи веднаш по премиерата во октомври, минатата година.

Ако корејската поп сензација го задржи ова темпо, „Џентлмен“ може и да го надмине успехот на „Гангнам Стајл“, кој сè уште е најгледаниот видео запис во историјата на ЈуТјуб, преминувајќи милијарда прегледи. Новиот сингл во моментов преку приближно 140 милиони прегледи, половината од нив ги доби во првите 40 часа по објавувањето. Дали Псај ќе го собори сопствениот рекорд? Ќе мора да почекаме и да видиме.

Минатогодишниот мега хит всушност беше најавен сингл за неговото последно албумско издание, а за сега сè уште нема најава за нов албум. Раперот неодамна беше именуван и за амбасадор за Asiana Airlines, со што добива бесплатни летови ширум светот, па кој знае? Можеби ќе го видиме и во Македонија.

Во продолжение погледнете го уште еднаш новиот видео запис за „Џентлмен“.

Извор: PopCrush

 

 



Врати се горе ↑