Get More: Music News

29 април, 2013

Псај: Подготовката на новиот сингл ми беше ноќна мора!

Корејската сензација постави уште еден рекорд со неговиот нов видео запис за синглот „Џентлмен“, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди за Најгледан видео запис во рок од 24 часа, но и покрај тоа што сè изгледа лесно, тоа не значи дека суперѕвездата не се измачи со подготовката на новиот сингл: „Искрено, ја променив песната безброј пати сè до послeдниот момент“ – признал Псај за MTV News, додавајќи: „Не бев возбуден, беше ужасно, бев многу нервозен!“

Сепак, раперот успеа да ја задржи својата репутација и покрај огромните притисоци: „Мојата единствена цел беше да го избегнам епитетот „чудо со еден хит“. Затоа бев многу нервозен пред премиерата, но по две недели и 230 милиони прегледи, докажав дека не сум „чудо со еден хит“. Веќе ми олесна и многу сум среќен поради тоа.“ – признава раперот.

Неколкуте важни настани што беа закажани во само неколку дена претставуваа вистинска ноќна мора за Псај: „Го објавив синглот на 12-ти април, а веќе следниот дел имав голем концерт во Сеул… таа недела ми беше пеколна; во петок го издадов синглот, а во сабота требаше да го претставам и видео записот и да одржам концерт пред 50 000 луѓе. Во истата недела, во понеделник и вторник го снимав видео записот, завршив со снимање во вторник, па во среда, четврток и петок го средувавме финалниот прозивод, а јас ја вежбав и запамтував целата кореографија. Мислам дека таа недела ми беше најлошиот период во целиот живот.“

 Извор: PopCrush



Врати се горе ↑