Псај најави нов сингл за април
Корејскиот рапер Псај нè подготвува за неговиот нов сингл, кој ќе го наследи глобалниот мега хит „Гангнам Стајл“. Во краткиот видео клип раперот го најавува и неговиот голем концерт на домашен терен кој ќе се одржи на 13-ти април во Сеул, Јужна Кореја, кога во живо ќе го претстави новиот сингл, а целиот настан ќе биде директно пренесуван на сервисот ЈуТјуб. За сега не е познат насловот на новата песна, но се надеваме дека ќе биде достоен наследник и ќе го повтори успехот на „Гангнам Стајл“.
Извор: Idolator