Свет psy_1293340356

27 јануари, 2013

Псај на инаугурацијата на претседателката на Јужна Кореја

Јужнокорејската мегаѕвезда која целиот свет го „зарази“ со хитот „Гангнам Стајл“, Псај ќе биде гостин на свеченоста по повод инаугурацијата на претседателката Парк Геун Хје, каде што ќе настапи пред околу 60 000 луѓе. Свеченоста ќе се одржи на 25-ти февруари пред зградата на Парламентот во јужнокорејската престолнина Сеул, но сè уште не се знае дали Псај ќе ја пее националната химна или неговиот мегахит, кој во моментов е најгледаното видео на ЈуТјуб, а бројот на прегледи постојано расте. Благодарение само на таа песна, Псај е веќе милионер.



Врати се горе ↑