Свет psy-bieber-collaboration-639-111212

16 ноември, 2012

Псај ќе сними дует со Џастин Бибер

Сензацијата од Јужна Кореја, раперот Псај кој за многу кратко време достигна светска слава, открил дека наскоро ќе сними дует со тинејџерската поп ѕвезда Џастин Бибер. Популарниот рапер во разговорот со Capital FM, го најави новиот хит кој веројатно ќе доживее голем успех, со оглед на тоа што и двете ѕвезди уживаат голема популарност ширум светот.

„Да, имаме во план нешто заедничко, но сè уште немаме детали. Но, сигурно е дека ќе соработуваме“ – изјавил раперот, додавајќи дека ќе биде вистинска експлозија во музичкиот свет. „Мислам, знаете, нашите спотови имаат вкупно стотици милиони прегледи на ЈуТјуб, тоа ќе биде вистински бум, нели?“ – самоуверено прокоментирал Псај.

Нам ни останува да причекаме за да видиме каков бум ќе направат овие две мегапопуларни ѕвезди.

Извор и фото: allkpop.com/blog.music.aol.com



Врати се горе ↑