16 април, 2013

Псај како Бијонсе: Погледнете како танцува на „Single Ladies“

Сензацијата од Јужна Кореја, раперот Псај докажа дека танцот му е силна страна. Иако се навикнавме на неговиоте „Гангнам Стајл“ движења, на неодамна одржаниот концерт во Сеул, тој изведе и една поинаква кореографија. Имено, раперот на концертот ја изведе кореографијата од познатиот хит на познатата ѕвезда Бијонсе – „Single Ladies“, а во позадина може да се види самата Бијонсе, само што наместо нејзината глава, се гледа главата на Псај.

Инаку, корејската ѕвезда неодамна го објави новиот сингл насловен „Џентлмен“, кој повторно соборува  рекорди. Од неговото поставување на интернет, видео записот има приближно 77 милиони прегледи. Изведбата на новиот сингл на големиот концерт можете да ја погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑