Свет Psy010_thumb_jpg_630x427_q85

15 јули, 2013

Псај има преку 3 милијарди прегледи на ЈуТјуб

Корејската сензација Псај на својот ЈуТјуб канал собра повеќе од три милијарди прегледи со што стана трет изведувач во историјата кој успеал во тоа, веднаш по Ријана и Џастин Бибер, пренесува Билборд. Ѕвездата со својот хит „Гангнам Стајл“, кој е најгледаниот видео запис во историјата на сервисот ЈуТјуб, е и првиот кој ја преминал границата од милијарда прегледи собирајќи импресивни 1,7 милијарди прегледи. Ова е прв поединечен видео запис за кој се смета дека ќе ја премине и границата од 2 милијарди прегледи. Неговиот следен хит „Џентлмен“ беше премиерно прикажан на 13-ти април и оттогаш собра приближно половина милијарда прегледи.

Меѓутоа, не се баш сите воодушевени од овој музичар чие вистинско име е Парк Је-Санг; Били Џо Армстронг од групата Грин Деј неодамна го нарекол „музички херпес“, а Псај тоа го прифатил како комплимент, велејќи: „Хм, па тоа некако ми се допаѓа, баш е кул. И како рековте, тој вели дека јас сум како херпес? Би требало нешто да му одговорам. Како рековте дека се вика? Били Џо Армстронг од групата Грин Деј и тој вели дека сум како херпес бидејќи постојано се враќам? Мислам дека тоа е навистина кул и многу ја ценам неговата изјава. Благодарам уште еднаш.“

Псај минатиот месец открил дека договорил средба со гитаристот на групата Квин, Брајан Меј навестувајќи дека можеби планираат некаква соработка.

Извор: NME.com



Врати се горе ↑