Свет Psy010_thumb_jpg_630x427_q85

14 ноември, 2012

Псај има милијарда прегледи на YouTube

Раперот од Јужна Кореја, Псај на неговиот официјален канал на ЈуТјуб достигна и милијарда прегледи, од кои најголемиот дел се на неговиот мега хит „Гангнам Стајл“, песна која сигурно ја обележа оваа 2012 година. Раперот со оваа бројка и официјално ги надмина западните ѕвезди како што се Адел, Ники Минаж и Уан Дајрекшн.

Како што пренесува Music-News.com, Псај во моментов не го загрозува шампионот во оваа категорија, Џастин Бибер кој има неверојатни три милијарди прегледи, но треба да се земе во предвид тоа што младиот пејач се натпреварува со повеќе хитови, додека раперот сето тоа го постигна со само еден сингл.

„Baby“ од Џастин Бибер до сега е прегледан 798 000 000 пати, а ако Псај продолжи со ова темпо, ќе го стигне Бибер за неколку недели. Во продолжение погледнете го настапот од концертот во Сеул.

 



Врати се горе ↑