Свет psy

7 ноември, 2012

Псај: „Гангнам стајл“ не е мој успех

Можеби мегахитот „Гангнам стајл“ е втор по гледаност во историјата на YouTube, но корејскиот рапер Псај ќе треба уште многу да се докаже со новиот албум кој се очекува во март.

Не можам да кажам дека сум успешен бидејќи овде станува збор за феномен.“- изјави 34-годишниот музичар за новинарите во Париз каде што еден ден порано околу 20 000 фанови му се придружија во изведувањето на танцот што наликува на јавање.

Ништо не направив, луѓето го посетија Јутјуб, ја пронајдоа музиката и му ја претставија на светот. Тоа не го направив јас. Меѓутоа, сега ми е мене редот. Со вториот албум морам сам да успеам“ – рече раперот чие вистинско име е Парк Јае-Санг.

Како што пренесува АФП, новиот албум на Псај ќе биде половина на корејски, а другата половина на англиски јазик и ќе претставува избор од неговата дванаесетгодишна кариера. Во Јужна Кореја Псај е голема ѕвезда. Тој изјави дека за корејците тоа ќе биде албум со најголемите хитови, но за светот ќе бидат сосема нови песни. Тоа ќе биде неговото светско деби. Неговиот нов сингл, кој првобитно требаше да биде објавен овој месец е одложен заради огромниот успех на „Гангнам стајл“ кој се појави во јули, а до сега на јутрјуб е прегледан преки 650 милиони пати.

Јас сум број еден во 30 земји. Морам да кажам барем „здраво и благодарам!“- објасни Псај за новинарите зошто доцни неговиот сингл и албумот кој ќе стигне најдоцна до март. На прашањето како ќе биде новиот сингл, раперот рече дека за „Гангнам“ тој сакал да биде што е можно посмешен, но дека сега луѓето ќе бараат нешто уште посмешно.  „Така што морам да бидам посмешен. Ќе ги покажам моите квалитети подоцна, ако имам можност“– изјави тој.
Министерството за култура на Јужна Кореја соопштило дека ќе му додели една од најголемите почести во доменот на културата, а тоа е медал Окгван за културен придонес за „извонреден придонес“ кон уметноста.

 

Преземено од: 24sata.rs


Врати се горе ↑